Целосната подземна сообраќајница во Скопје треба да биде пуштена најдоцна до 2029 година – завршена е првата фаза

Целосната подземна сообраќајница во Скопје треба да биде пуштена најдоцна до 2029 година – завршена е првата фаза

пред 2 часа

Подземната сообраќајница кај комплексот „Лимак“ е во напредна фаза на реализација, а Град Скопје со забрзано темпо продолжува со работата на останатите делови од проектот, соопшти Град Скопје.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, информира дека овој дел од сообраќајницата е комплетно завршен, останува да се довршат осветлувањето и системот за заштита од пожари, како и асфалтирањето. Овие активности ќе се реализираат во завршната фаза, по завршувањето на останатите градежни активности.

Првата фаза од проектот, на потегот од Кисела Вода, е завршена за само 90 дена, а во моментов се работи на втората фаза.

„Првата фаза ја завршивме од Кисела Вода за 90 дена, сега веќе се работи на втората фаза. Рокот за изведба на поврзувањето од Кисела Вода до влезот на Лимак е до наредната година, а веднаш потоа ќе пристапиме и кон последната фаза“, истакна Ѓорѓиевски.

Последната фаза ќе го опфати и кружниот тек кај Нова Македонија, со што целокупниот проект треба да биде функционално поврзан.

Според динамиката на реализација, целосната подземна сообраќајница се очекува да биде ставена во функција до 2028 година или почетокот на 2029 година.

„Јас ветив дека до крајот на мојот мандат ќе ја изработам првата фаза, а таа сега е завршена за 90 дена“, посочи градоначалникот.

Ѓорѓиевски нагласи дека Град Скопје има капацитет и обезбедени средства за реализација на проектот, со дополнителна финансиска поддршка од Владата.

„Имаме капацитет, имаме средства како Град Скопје, Владата ни помогна со средства, така што со силно темпо одиме напред“, порача градоначалникот.

Текстот Целосната подземна сообраќајница во Скопје треба да биде пуштена најдоцна до 2029 година – завршена е првата фаза е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top