Целосно реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

Целосно реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

пред 3 месеци

Целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија. Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Клиниката во Клиничкиот центар ја истакна важноста на рекордните средства од Буџетот што се вложуваат во здравствениот сектор. Тој изрази задоволство од направените подобрувања и целосната реновираност на болничкото одделение, нагласувајќи дека условите и опремата ги доближуваат услугите до европски стандарди.

„Ова се можеби мали чекори, но големи во значење, особено оти години наназад не беше вложувано доволно. Со истата динамика ќе продолжиме и понатаму, со главен фокус на развојот на здравството“, рече Мицкоски.

Тој најави и продолжување на инвестициите во други здравствени установи, како Клиничката болница и Медицинскиот факултет во Штип, болниците во Кичево и Тетово, како и реконструкција и модернизација на здравствените услуги низ целата земја.

„Посакувам помалку пациенти и повеќе здрави луѓе, а оние што ќе имаат потреба од здравствена услуга да добијат квалитетна, европска нега“, додаде премиерот.

Текстот Целосно реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top