Четири лица се затруле од храна: затворена гостилница во скопско Влае

Четири лица се затруле од храна: затворена гостилница во скопско Влае

пред 2 години

По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на четири лица на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес, во согласност со упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската населба Влае, информираат од Агенцијата за храна.

За лабораториско испитување земени биле брисеви од работните површини и примероци од целата инкриминирана храна што ја јаделе лицата.

„На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за чистење и вршење вонредни санитарни прегледи на вработените лица.

Од страна на инспекциските служби гостилницата е привремено затворена до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско тестирање“, велат од АХВ.

Во услови на високи температури и поголеми ризици од труење со храна, АХВ упатува апел операторите да бидат одговорни и да се придржуваат до HACCP-принципите за безбедност и правилата за добра производствена и добра хигиенска пракса со цел обезбедување безбедна храна за граѓаните и заштита на нивното здравје.

Потрошувачите да бидат одговорни купувачи, да водат сметка и храна да набавуваат од регистрирани оператори, односно да пазарат на начин и во време кога нема опасност да предизвикаат нејзина контаминација поради високите температури, препорачува АХВ.

Текстот Четири лица се затруле од храна: затворена гостилница во скопско Влае е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top