Членовите на македонската репрезентација ќе добијат по 10.000 евра, одлучи Владата

пред 4 години

Сите членови на македонската фудбалска репрезентација ќе добијат по 10.000 евра, одлучи Владата на седница по пласманот на Европското првенство во фудбал.

Информацијата ја соопшти премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство“, напиша Заев.

Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската…

Posted by Zoran Zaev on Thursday, November 12, 2020

Share
Scroll to Top