Шест лица лишени од слобода, 14 сообраќајни прекршоци при полициска акција во Скопје

Шест лица лишени од слобода, 14 сообраќајни прекршоци при полициска акција во Скопје

пред 54 минути

Шест лица биле лишени од слобода, а биле евидентирани и 14 сообраќајни прекршоци при синоќешната акциска контрола во Скопје, која траела до раните утрински часови, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 20 часот синоќа до 6 часот утрово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје спровеле акциска контрола, според претходно изготвен план за преземање засилени мерки и активности за одржување поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје.

„При контролата извршени се проверки на идентитетот на 34 лица, извршен е преглед на 25 лица, а прегледани се и четири возила. За време на контролата констатирани се 14 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Извршена е контрола во осум угостителски објекти и клубови за автоматски игри на среќа, приведени се две лица – странски државјани, а едно лице е приведено според член 15 од Законот за личната карта. Притоа, лишени од слобода се две лица за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а едно лице е лишено од слобода по член 297-а од Кривичниот законик. За време на акцијата полициските службеници спроведоа превентивни активности со непосредно присуство, постојани обиколки и повремени задржувања во паркот во Капиштец, лоциран на улицата „Народен фронт“ бр. 66, потоа на булеварот „Партизански одреди“ бб, како и кај игралиштето наречено „Дрвен град“, лоцирано на улицата „Славка Недиќ“, поради секојдневното собирање малолетни лица на дел од локациите“, појаснија од МВР.

Извршени биле проверки и во повеќе угостителски објекти, при што не биле забележани неправилности, односно не биле затекнати малолетни лица кои консумирале алкохол.

„Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови“, додадоа од МВР.

Текстот Шест лица лишени од слобода, 14 сообраќајни прекршоци при полициска акција во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top