Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со одлични резултати во 2021 година

пред 3 години

Врз основа на неревидираните финансиски извештаи за 2021 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје во текот на 2021 година оствари раст во сите сегменти на работењето и тоа:

– Раст на финансираниот волумен на лизинг трансакции од 27,4%;

– Раст на бројот на новофинансирани лизинг предмети од 30,7%;

– Раст на вкупното портфолио од 19%;

Овие позитивни движења условија со одлични финансиски перформанси и тоа:

– Раст на нето приходите од камати за 13,8%;

– Раст на нето приходите од надоместоци за 12,9%

– Стапка на поврат на капиталот (ROE) во висина од 28,1%;

– Соодносот помеѓу трошоците и приходите (CIR) изнесуваше 28,6%;

– Раст на нето профитoт по оданочување од 35,3%, и истиот во 2021 година достигна 1,2 милиони евра;

Во текот на 2021 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје забележа напредок во сите сегменти на работењето, иако последиците од Ковид-19 кризата се уште силно се чувстваа на пазарот и закрепнувањето на економијата одеше со побавно темпо од очекуваното. Уште еден фактор кој влијаеше на пазарот беше и намалената понуда на возила која особено се почуствува во текот на втората половина од 2021 година.

Сепак, соодветната поставеност и понуда на флексибилни производи и услуги доведе до раст на финансираниот волумен на лизинг трансакции за 27,4% споредено со 2020 година и раст на бројот на новофинансирани предмети за 30,7%.

Особено значаен е растот во сегментите на лесни и тешки товарни возила за 120,2% и 57,4% респективно, што означува дека компаниите се справуваат со последиците од кризата и повторно започнуваат да инвестираат.

Значајно за одбележување во текот на 2021 година беше и продолжувањето на соработката со ЕБРД при што Шпаркасе Лизинг Доо Скопје повторно доби можност за финансирање на своите клиенти преку линијата за енергетска ефикасност со 15% грант, со што останува првата и единствена лизинг компанија во Македонија која има пристап до оваа линија.

“Главен акцент во нашето работење во текот на 2021 година ставивме на флексибилноста и достапноста на нашите лизинг производи и постојаниот контакт со нашите партнери и клиенти. Како резултат на тоа постигнавме одлични резултати со раст во сите сегменти на работењето особено водејки сметка и за ефикасноста, при што нашата стапка на поврат на капиталот (ROE) изнесува 28,1% со истовремено низок коефициент помеѓу трошоците и приходите (CIR) кој изнесува 28,6%.

Во текот на 2022 година ќе се фокусираме на воведување нови услуги и пакети на мобилност за нашите корисници и воведување дигитални алатки и апликации со што ќе ја потврдиме нашата водечка улога на лизинг пазарот“ истакна Марјан Манчев, Извршен директор на Шпаркасе Лизинг Доо Скопје.

За повеќе информации посетете ја веб страната на s-leasing.mk.

(ПР-текст)

Share
Scroll to Top