Штедачите од „Еуростандард“ пред Пендаровски побараа целосно парично обесштетување

пред 3 години

Претседателот, Стево Пендаровски, оствари средба со преставници на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка.

На средбата преставниците на здружението го запознаа претседателот Пендаровски со нивните барања за целосно парично обесштетување на оштетените физички и правни лица депоненти во Еуростандард банка, по одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на банката.

Пендаровски ги истакна своите заложби сите евентуални криминални дејствија сторени од кој било субјект да се разрешат во соодветна законска процедура од страна на надлежните органи.

Share
Scroll to Top