Што добивам од практикантската работа за време на студиите?

пред 2 години

Знаењето пренесено од искусен академски кадар има значајна улога во градењето на професионална кариера на студентите. Кога академското знаење пак, совршено ќе се искомбинира со пракса или работа за време на студииите, тогаш тоа претставува најдобриот начин младите да стекнат искуство и со тоа да обезбедат предност на пазарот на труд, во однос на кандидатите без претходно работно искуство.

Во обид да се намали јазот помеѓу теоретските знаења и вештини кои студентите ги учат и стекнуваат за време на нивните студии со вештините и практичното знаење што ги бараат пазарот на трудот, АУЕ – ФОН универзитетот веќе подолго време развива и одржува континуирана соработка со бизнис секторот. Студентите кои се дел од АУЕ-ФОН, во зависност од мотивацијата и покажаната иницијатива, имаат можност да учествуваат во неколку програми за практикантска работа во текот на студискиот период, што влијае позитивно на нивното знаење и зголемување на можностите за брзо наоѓање работа во својата професија.

Практичната работа овозможува директно вклучување во организициските процеси, стекнување на работни навики и воспоставување на лични контакти, што на студентите им помага да ја изградат својата иднина како афирмирани и подготвени професионални кадри за предизвикот на новото време во бизнисот, во институциите и организациите не само во домашни рамки, туку и во светскиот деловен систем.

Со потребната студентска пракса, студиските програми сега се синхронизирани со реалните деловни потреби на компаниите, кои имаат можност навремено да ангажираат студенти веднаш по дипломирањето.

Американскиот универзитет на Европа – ФОН преку современиот начин на настава и интерактивната работа со студентите во духот на американскиот систем на образование, успешно ги остварува целите и задачите на квалитетна и модерна високообразовна институција. Затоа, АУЕ – ФОН, бил и останува избор број 1 за сите млади луѓе со јасна визија за својата успешна иднина!

ПР

Share
Scroll to Top