Ѓорѓиевски со сопругата донираше реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода

Ѓорѓиевски со сопругата донираше реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода

пред 3 часа

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и неговата сопруга донираа реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода, соопштија од Град Скопје.

Оваа донација, според соопштеното, ќе ја олесни комуникацијата, концентрацијата и емоционалната регулација на децата, создавајќи прифатлива и смирувачка средина за нивниот развој.

„Вложувањата во сензорни простории придонесуваат за развојот на когнитивните и социјалните вештини на децата, нивната самостојност и можноста за активно вклучување во општеството. Орце Ѓорѓиевски и неговата сопруга го потврдуваат своето продолжено залагање за еднакви услови и инклузија за сите граѓани на кои им е потребно“.

Текстот Ѓорѓиевски со сопругата донираше реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top