Јавниот обвинител Ненад Савески денеска оствари средба со експертски тим од Словенечката развојна академија во состав: Андреја Долничар Јерај, програмска и извршна директорка, Јоже Левашич, виш државен обвинител во Р. Словенија, д-р Татјана Драговиќ, експерт за учење кај возрасни и развој на професионални компетенции во правосудството и органите за спроведување на законот, како и Дамјана Слапар Буркат, експерт за примена на методи за утврдување на имотната состојба во финансиски истраги.
На средбата беа разгледани можностите за идната соработка меѓу Словенечката развојна академија и македонското Јавно обвинителство, со фокус на пошироките потреби на обвинителската служба и другите надлежни институции во контекст на реформските процеси за пристапување кон ЕУ.
Притоа беше ставен акцент на приоритетите како што се финансиските истраги и конфискацијата на имот стекнат со кривично дело, вештачката интелигенција и малолетничката деликвенција и трговијата со деца.
Текстот Јавното обвинителство и Словенечката развојна академија договараат соработка за поддршка на ЕУ-реформите е превземен од МАКФАКС.




