​ Општина Кисела Вода ја одржа втората седница на Локалниот совет за превенција

​ Општина Кисела Вода ја одржа втората седница на Локалниот совет за превенција

пред 5 часа

Општина Кисела Вода ја одржа втората седница на Локалниот совет за превенција, на која се разгледуваа предлог-активностите за Програмата за работа за периодот 2026-2027 година. Главниот фокус на средбата беше ставен врз безбедноста на граѓаните и продлабочување на меѓуинституционалната соработка.

На состанокот присуствуваа претставници од МВР, СВР Скопје, командирите на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Драчево. Свој придонес дадоа и претставници од министерствата за правда, транспорт и врски, култура и туризам, животна средина, образование и социјална политика, како и претставници од ОБСЕ, Основното јавно обвинителство, Центарот за социјална работа, директори на училишта, инспектори и претставници од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), со кој Општината има потпишано меморандум за соработка.

-Безбедноста на нашите сограѓани е врвен приоритет кој бара будност и постојана координација помеѓу сите чинители. Преку Локалниот совет за превенција, создаваме заедничка платформа каде полицијата, образовниот систем, социјалните служби и граѓанскиот сектор работат како еден механизам. Со новата програма за 2026-2027 година, ги прецизираме чекорите за јакнење на меѓусебната доверба и превентивно делување против сите форми на ризик и насилство, со цел Кисела Вода да остане сигурно место за живеење за секое семејство – истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Текстот ​ Општина Кисела Вода ја одржа втората седница на Локалниот совет за превенција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top