ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

пред 2 недели

ЈСП Скопје извести дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема воопшто да работи.

Со оглед на тоа што денот кога се одржуваат парламентарните и вториот круг од претседателските избори е прогласен за неработен за сите граѓани, и автобусите од градскиот јавез превоз ќе сообраќаат по скратен, односно неделен возен ред.

Воедно, жичницата од Средно Водно во врвот Крстовар нема да работи.

Дежурни билетарници од 7 до 14 часот ќе бидат само две,  на Транспортен Центар и Ѓорче Петров.

Текстот Автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top