Автомобил излетал од патот во делчевско, повредени две лица

пред 2 години

Две лица се тешко повредени откако со автомобил излетале од патот во делчевско.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според информациите, несреќата се случила вчера на регионалниот пат од с.Разловци кон с.Тработивиште, кај место викано „Лошана“, во с.Разловци, делчевско, кога трактор „ИМТ“, со делчевски регистерски ознаки, управуван од Ѓ.С.(53), каде сопатничка била Ј.С.(45), двајцата од с.Разловци, излетал од коловозот.

Во несреќата возачот и сопатничката се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани од лекар од Итна медицинска помош, по што се пренесени во Медицински центар во Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициски станица Делчево.

Share
Scroll to Top