Автомобил излета од патот Штип – Радовиш, тешко повредени две деца

пред 3 години

Три лица, од кои две деца, се тешко се повредени во сообраќајка што се случила на патот Штип – Радовиш.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера кога автомобил „форд мондео“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(40) од Германија, со место на живеење во Кочани, излетал од коловозот.

Возачот и сопатниците биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде на возачот и двајца малолетни сопатници, од кои едниот од Германија, а другиот од Кочани, им биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатниците С.А.(19) и С.А.(19), и двајцата од Кочани биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.

Share
Scroll to Top