Адвокатот на Љупчо Палевски на распит во полициска станица

Адвокатот на Љупчо Палевски на распит во полициска станица

пред 6 месеци

Адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, замина во Белград, е на распит во полициска станица.

Kако што изјави претходно адвокатот, тој го превезувал Палевски до Белград бидејќи таму имал закажани лекарски прегледи, без да знае дека Палевски е вмешан во кривични дела.

Адвокатот, во изјава за „Телма“ објасни дека Палевски побарал од него да го однесе во Белград на преглед, бидејќи немал возило.

Потоа, Стојков се вратил во Скопје, а Палевски останал во Србија, навестувајќи му дека ако не е во ред прегледот, ќе замине за Истанбул.

Текстот Адвокатот на Љупчо Палевски на распит во полициска станица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top