Арбр Адеми од ДУИ во изјава за медиумите истакна дека немаат информации каде е пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.
„Секако дека пратениците се за една Влада која негува европски и евроатлантски вредности, така што срцето на г-дин Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел, и јас сум длабоко убеден дека токму неговата одлука лежи тука“, истакна Адеми.
Тој рече дека не знае каде се наоѓа пратеникот и дека новинарите можат да го побараат за да дознаат.
„Јас сум немал контакт со него“, рече тој.