Државната администрација е многу важен дел од нашето општество кое припаѓа на секој граѓанин на земјата, без оглед на неговата етничка припадност, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, за време на петтиот Комитет за односи меѓу заедниците во Собранието.
„Новиот дух што дојде во Република Северна Македонија по Охридскиот рамковен договор значително влијаеше на поделбата на моќта и етничката застапеност во рамките на државата. Идејата за ваков договор за поделба на власта беше да се гарантира на сите етнички заедници во Македонија политичко, социјално и културно учество, како и самоизразување во Република Северна Македонија“, го отвори својот говор министерот Шаќири.
Меѓу другото, Јетон Шаќири рече дека Законот за вработените во јавниот сектор обезбедува механизам за спроведување на уставниот принцип на правична и соодветна застапеност на припадниците на етничките заедници, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, и врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишните планови за вработување.
„Многу важен чекор што се реализираше во текот на оваа година беше систематизацијата на вработените со Рамковниот договор на соодветните работни места, што значително го унапреди прашањето за правична застапеност во институциите каде имаше повеќе недостатоци, преку К-5 програмата” истакна Шаќири.
„Едно нешто што мора да се признае како факт е дека јавната администрација драматично се промени во последните години, означувајќи повеќе промени и дефинитивно е поразновидна. Јас како министер за информатичко општество и администрација, ве уверувам дека државната администрација ја гледам важен дел од нашето општество, кое припаѓа на секој граѓанин на земјата, без оглед на неговата етничка припадност“, го заврши својот говор Шаќири.