Бројот на активни случаи на заразени со коронавирус во државата изнесува 7.275 од кои најголем број 3.508 се во Скопје.
Во Куманово има 424 активни случаи, Битола – 358, Прилеп – 336, Велес – 335, во Кавадарци – 281, Штип – 236, Кочани – 198, Охрид – 191, во Тетово 170.
Министерството за здравство вчера соопшти дека од 1323 основци и средношколци досега опфатени со скринингот за откривање Ковид-19 во училиштата, вирусот бил потврден кај шест ученици во основното образование, а 1317 ученици биле негативни на тестот. Тестирани се 725 основци од прво до деветто одделение и 598 средношколци од подрачјето на Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид.