Активни 8.415 случаи на коронавирус, засега нема да има нови рестриктивни мерки

пред 2 години

Во моментот активни се 8.415 случаи во коронавирус, од кои најголем број 3.797 се во Скопје. Во Битола има 635 активни случаи, во Прилеп 401, во Куманово 379, во Кавадарци 363, а во Велес 358.

Според последниот пресек за состојбата со коронавирусот, регистрирани се нови 469 случаи со Ковид-19, починаа 13 починати, а оздравени се 375 пациенти. Со тоа, од почетокот на пандемијата вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја изнесува 208.467, бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера соопшти дека засега нема да има препорака за некои нови рестриктивни мерки, бидејќи овие се сосема доволни и треба да се почитуваат.

Филипче нагласи дека основните принципи на кои се темелат сите мерки во борбата со пандемијата се носењето маски, држењето дистанца, честото миење раце и вакцинирањето. Тој апелира на поголема внимателност кај граѓаните во текот на зимските месеци.

„Остануваме засега со истите мерки и апелираме сите да се придржуваат. Доаѓаат семејни слави и апелирам граѓаните и оваа година како и претходните, ако може, да не ги организираат или да ги организираат во помал семеен круг. Сепак, такви поголеми собири, каде што не се почитуваат мерките, се ризик за епидемиолошката состојба да се влоши“, истакна министерот.

 

Тој истакна и дека сега здравствениот систем е преоптоварен во делот на ковид-центрите од невакцинирни пациенти.

„Вакцинираните пациент, имаат очигледно полесна клиничка форма и ако продолжи тој тренд, повторно ќе бидат преоптоварени болниците како што се сега во Србија, Хрватска, Бугарија и во Грција. Апелирам граѓаните да се вакцинираат, има доволно вакцини, пунктовите работат. Тоа е излезот од кризата“, посочи Филипче.

Share
Scroll to Top