Акција за собирање кабаст отпад во Општина Аеродром

пред 3 години

Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ организираат акција за собирање кабаст отпад на територијата на Општина Аеродром. Контејнери ќе бидат поставени на четири локации од 18 мај (вторник) до 22 мај (сабота).

Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема на следниве локации: Јане Сандански (АСНОМ 68), во Стар Аеродром на улиците „Коста Новаковиќ“ 48, „В. Комаров“ 29 и во Ново Лисиче на „В.СмилевскиБато“ 19 и булевар АСНОМ 5 – кај „Рамстор“.

Share
Scroll to Top