Алијанса за Албанците: Агим Нухиу, кукавичка кукла кој се крие зад неправдата

пред 3 години

Од Алијанса за Албанцит реагираат на барањата на Министрството за правда до претседателот Стево Пендаровски, за помилување на бизнисменот Сеад Кочан и Бобан Илиќ, човекот кој го прегази малиот Алмир Алиу.

„ Како и секогаш во последниот скандал со барањето на Министерството за правда упатено до претседателот, за помилување на некои криминалци и убијци на деца како Сеад Кочан и Бобан Илиќ, функционерите на ДУИ продолжуваат со кукавичкото прикривање на раката што фрла камен.

Последната изјава на министерот за правда, Агим Нухиу, кој слично делуваше и на 27 Април, само докажува дека тој и неговите сопартијци се во Владата само за да ги легитимизираат бандитските одлуки на овој режим. Наместо да се огради, Нухиу треба да прецизира дали е кукавица и се крие зад Маричиќ или е марионета која никој не ја прашува за ништо во тоа министерство.

Во секој случај, тој треба веднаш да се повлече, бидејќи и самиот призна дека не е достоен за тоа, како што никогаш досега не бил“ велат од партијата.

Share
Scroll to Top