Ангелов: Будинарци е безбедно, романскиот авион се приклучува во гаснење на пожарите

пред 3 години

Во текот на ноќта пожарот имаше променливо темпо, сега е малку стивнат, објави утрово на Фејсбук директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

„Од позицијата од која набљудувам пред мене гледам две точки на кои пламенот е сеуште активен и силен но во позадина на неколку места забележувам силна и густа чад. Селото Будинарци е безбедно“, напишал Ангелов.

Тој најави дека од околу 06.00 часот треба да интервернираат два македонски и два српски хеликоптери а во текот на денот и големиот противпожарен романски авион.

„Во борбата против пожарот ќе бидат вклучени и голем број пожарникари од овој регион како и пожарникарите од Словенија, Австрија и Бугарија.
Покрај нив учествуваат и екипи на Национални шуми, припадници на Армијата и Полицијата, ДЗС, ЦУК и голем број на доброволци од локалното население“, информира Ангелов.

Share
Scroll to Top