Ангелов во посета на јужната граница: „Се надевам нема да има поголем бегалски бран“

пред 3 години

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со преставници од Француската Амбасада, оствари работна посета на Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ на јужната граница, а и на Регионалниот центар за упраување со кризи РЦУК Гевгелија.

Тоа е во корелација со активностите и за непосредно запознавање со реалната состојба и ситуација согласно и Одлуката на Владата за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата, и тоа на подрачјата на јужната и северната граница и Акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на државата.

„Се надевам дека нема да дојде до бегалски бран каков што некои најавуваат, и покрај тоа што постои некое олабавување на мигрантите и ковид-мерките, што ќе придонесе за раздвижување и проток на луѓе преку границите“, рече Ангелов.

Тој подвлече дека некои држави ги користат мигрантите за со нив да вршат и политички притисоци, но кај нас се земат предвид сите тие факти при носењето на одлуките.

Ангелов ја посети и граничната позната локација ,,Камен 59″, а потоа оствари средба и со градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Потоа беше остварена и работна средба во РЦУК Неготино.

На почетокот на месецов прво по заседавањето на Групата за процена под раководство на Ангелов, а по седницата на Управувачкиот комитет, па потоа по разгледувањето на заклучоците од тие седници на Главниот штаб при ЦУК од тие две владини тела е донесена Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата и тоа на подрачјата на јужната и северната граница. Тоа, како што е децидно наведено во Одлуката, е заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот „SARS-CoV-2“ и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението и истите беа преточени во заклучоци за идни активности. На седницата се утврдија оперативно стручни заклучоци при што беше донесен Акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија.

Share
Scroll to Top