Ангелов: Ситуацијата кај беровско Мачево ескалира, пратени се три хеликоптери

пред 3 години

Три хеликоптери (еден наш и два српски) се упатени кон беровското село Мачево каде ситуацијата со пожарот ескалира, објави на социјалните мрежи, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Како што посочи тој, огнената стихија почнала да претставува опасност за куќи во селото.

„Хеликоптерите ќе продолжат да дејствуваат во овој реон (Пехчевско / Делчевско / Беровско) сѐ додека има доволно дневна светлина“, нагласи директорот на ЦУК.

Претходно попладнево беше објавено дека ситуацијата со пожарот нагло се влошила, особено кај селата Робево и Мачево, каде поради ветрот дошло до брзо ширење на огнот по боровата шума.

Голем број припадници на надлежни органи, доброволци, како и пожарникари од Австрија, се обидуваат да го локализираат пожарот.

Share
Scroll to Top