Лидерот на Левица, Димитар Апасиев побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја води седницата.
Тој се повикува на собранискиот Деловник, според кој претседателот ги свикува седниците и претседава со нив, а потпретседателите може да го заменат според однапред утврден редослед, односно доколку претседателот е спречен или отсутен.
Собранието повторно е на пауза од еден час. Паузата ја одобри потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели, по барање на Апасиев.