Апелација му го укина куќниот притвор на Драги Рашковски

Апелација му го укина куќниот притвор на Драги Рашковски

пред 1 година

Мерката куќен пртивор за Драги Рашковские од Скопје е укината и прифатена е гаранцијата како мерка за обезбедување на негово присуство во рамки на кривичната постапка што се води против него поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст. 3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 ст. 1 на Кривичниот законик, соопшти Апелациониот суд Скопје.

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КСЖ – 816/23 на нејавна седница на ден 03.11.2023 година, жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ja одби како неоснована и донесе решение со кое го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е укината мерката куќен притвор и прифатена гаранција како мерка за обезбедување присуство против обвинетиот Д.Р. од С., во рамките на кривичната постапка која се води против обвинетиот, а поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 на Кривичниот законик“, се истакнува во официјалното соопштение.

Вака донесената одлука, како што појаснуваат, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Текстот Апелација му го укина куќниот притвор на Драги Рашковски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top