Арсовска до Тошковски:  До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

пред 3 дена

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи.

Во објава на својот Фејсбук профил, Арсовска напиша дека по нејзино прашање дали се работи за закана или ѝ се причинило, Алили го избришал коментарот.

„Синан Алили кога го прашав дали ми се заканува или така ми се чини инстант го избриша коментарот. Сигурно од Министерство за внатрешни работи и Панче Тошковски се исклучително горди на овој свој полицаец.

И сега да прашам, ми препорачува Синан да бидам добра и глас да не ми се слуша. А ако според него не сум и не молчам тогаш што“, прашува Арсовска во напишаното.

Дополнително упатува и прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Овие кадри треба да ни ја гарантираат безбедноста Панче? До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега полиција се заканува, што е следно?

Да, жена сум и не ви се плашам, ама дека не постапувате и штитите криминалци кои со фалсификат документи имаат стекнато над 150 згради вредни милиони, гледа народ, пишува Арсовска.

Текстот Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top