Арсовска: За подобро снабдување со вода на жителите на Црниче се заменува постоечката салонитна мрежа

пред 3 години

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, денеска присуствуваа на отпочнување на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улиците Церска и Христо Узунов во населеното место Црниче во општина Кисела Вода.

„Со реализацијата на овој проект се отстранува постоечката салонитна мрежа на која се јавуваат голем број дефекти заради нејзината дотраеност која е поставена пред повеќе од три децении и била наменета за мал број објекти, а денеска не ги задоволува потребите на постојната состојба. За жал, досега не биле превземи активности за реконструкција и проширување на хидротехничката инфраструктура согласно развојот што го овозможува деталниот урбанистички план за овој локалитет со што ЈП Водовод и канализација овозможува подобро водоснабдување на жителите во овој дел од градот“, изјави Арсовска.

Градежните активности опфаќаат реконструкција на постоечките приклучоци на објектите кои гравитираат на овој дел од улиците Церска и Христо Узунов. Новата водоводна мрежа ќе биде приклучена на улицата Востаничка со што се обезбедува циркулационен прстен кој овозможува поквалитетно водоснабдување за жителите долж оваа траса.

Share
Scroll to Top