Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
На средбата се зборуваше за значењето на организираната борба за слобода, за пожртвуваноста на многубројните борци кои ја извојуваа победата за да имаме денеска слобода и за идеалите за современо општество.
Пожелувајќи им добро здравје и понатамошна успешна соработка, Арсовска им се заблагодари за храброста, силата и упорноста која ја покажаа сите борци во борбата за слобода за нас и за идните генерации. Таа истакна дека почитта кон ликот и делото на нашите народни херои и пожртвувани борци и нивниот непокор е ода на слободата и не потсетува колку е значајно да ја чуваме, пред се преку негување на човечноста и взаемната почит меѓу луѓето.