Арсовска од терен ја координираше акцијата за чистење на снегот, соопшти Град Скопје

пред 2 години

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен во увид на состојбата на улиците и булеварите во надлежност на град Скопје.

„Арсовска денеска заедно со директорот на ЈП Улици и Патишта Борис Настов, директорот на ЈП Комунална хигиена, Зуди Енузи, директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, ја координираше акцијата на службите за чистење и проодност на улиците и булеварите низ главниот град“, велат од Град Скопје.

Извршен е увид на состојбата на главните булевари, кои се проодни, а од вечерните часови вчера и рано утринава продолжува веќе почнатата акција на интензивно чистење.

Од Град Скопје информираат дека улиците и булеварите се проодни, сите јавни претпријатија и зимската служба интензивно работат за проодност и чисти површини од обилните снежни врнежи.

Share
Scroll to Top