Во рамките на одбележувањето на Деновите на екологијата за 2022 година, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заедно со директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зуди Енузи, денеска присуствуваа на еколошка работилница и едукативни игри за рециклирање и селектирање на отпадот во детската градинка „Снежана“, во скопската општина Чаир.
Околу 100 дечиња беа вклучени во едукативните активности што се одвиваа во матичниот објект на оваа детска градинка и имаа можност да научат на кој начин да постапуваат со отпадот и колку е значајна неговата примарна селекција.
Градоначалничката Арсовска ја поздрави акцијата и истакна дека ваквите едукативни активности за најмладите се потребни од коишто преку едукативни игри можат да научат како да го селектираат отпадот.
На дечињата од градинката „Снежана“ градоначалничката Арсовска и директорот Енуз им поделија пакетчиња со едукативни сликовници за заштита на животната средина.
Градот Скопје ги поддржува активностите кои ја подигаат свеста во однос на екологијата и во наредниот период ќе бидат поттикнати нови идеи и нови еколошки активности во средните училишта во градот Скопје, се со цел да ја сочуваме животната средина и чистиот воздух