Арсовска: Срамно е што моето семејство станува мета на црната кампања

пред 3 години

Ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го моето најтесно семејство, реагира независната кандидатка за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, на последните наводи на СДСМ дека и нејзиниот сопруг има бугарска лична карта.

„Толку им гори под нозе што моите политичките ривали се користат со нови лаги и измами против моето семејство. Срамно е што моето семејство станува мета на црната кампања. Нападот на моето е напад на секое друго семејство кое треба да биде и да остане светост за секој човек со морал и вредности. Тоа од друга страна ја покажува немоќта и очајот во кој се наоѓа градоначалникот на Скопје Шилегов кој ја загуби поддршката од скопјани“, пишува во реакцијата на Арсовска.

Навистина ни е жал, додава таа, што наместо борба за проекти и подобар стандард на скопјани, гледаме гладијаторска битка на лажни вести и изместени морални вредности.

„Скопје ќе биде модерно, ќе чекори напред и заедно ќе создаваме нови вредности, поинакви од се друго до сега. Затоа што ние сите заслужуваме подобро од тоа што го имаме сега“, вели Арсовска.

Share
Scroll to Top