Арсовски: Власта призна вина за АД Славија и ја повлече продажбата

пред 2 години

Додека се уште Заев и пиунот Ковачевски молчат за овој скандал, криејќи се зад криминалните пориви на одредени кадри и институции, СДСМ и Владата признаа вина и нечесни намери за продажба на АД Славија за 218.535€, иако вредноста нејзина е над 20.000.000€, на Фејсбук напиша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„ Обелоденовајќи го овој огромен скандал, ниту еднаш не бевме колебливи како партија да успееме во намерите да ја спречиме продажбата на оваа државна фирма за без пари, каде што блиски луѓе до власта дебело ќе профитираат во милионски суми.

Благодарност до јавноста која застана рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ и бурно ја следеше ситуацијата, попречувајќи им на намерите на криминалците од власта. Честитки и за вработените кои го кренаа гласот иако се угнетувани од власта.

Јавноста и ВМРО-ДПМНЕ спаси и спречи 20.000.000€ на граѓаните да завршат во џебот на СДСМ.

Е сега, одлучен сум во намерите да се занимавам и да биде под лупа малку повеќе со инволвираните во овој случај, првично со работата на директорот на Агенцијата за одземен имот. Фатон Асани после вакво признание мора по секоја цена да си даде оставка од позицијата директор. Не му е ниту прва, ниту последна скандалозна зделка доколку остане на позицијата. Мора да си даде оставка“ напиша Арсовски.

Share
Scroll to Top