Арсовски: Во министерството на Груби потрошени 30.000 евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардињери

пред 3 години

Власта троши 30.000 евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардињери во министерство за политички систем, обвини на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што истакна, Министерство за политички систем и вицепремиерот Артан Груби троши 30.000 евра на непотребни работи, кои може да му ги завршат институциите на системот и на Владата.

„Новоформираното министерство и новопечениот вицепремиер 350.000 денари потпишале тендер за перење на автомобили. За овие пари секоја недела преку целата година треба да се перат најмалку 30 возила. Ниту министерството има потреба од 30 возила секој ден, ниту пак е потребно секоја недела да се перат сите 30 возила, а знак прашалник е дали тоа министерство има 30 возила на располагање“, изјави Арсовски.

За ажурирање на веб сајт, рече тој, одвоиле 530.000 денари. Арсовски коментира дека на толку вработени во МИОА и во министерството во кое што раководи самиот вицепремиер е тотално непотребно да се одвојат дури 7.500 евра за ажурирање на веб сајт, па каков и да е.

Пропратно, рече Арсовски, и 400.000 денари се двојат на жардињери и уште 470.000 денари за консултантски услуги за јавни набавки.

„Сето ова можеле да го завршат институциите на Владата кои што ги имаме во државата, кои што се одговорни и за јавни набавки кои што имаат вработени експерти и за сите останати работи на кои што се трошело пари. Овие 30.000 евра можеле да ги пренаменат ако сакале за други работи, но, незаинтересираноста за кризата која следела не им била предмет на размислување“, додаде Арсовски.

Share
Scroll to Top