Арсовски: Фондот за иновации стана како списание за готвење – промовира скапи рецепти

пред 2 години

Молкот во изминативе неколку дена на СДСМ поврзан со криминалните иновации во власта е потврда дека СДСМ како и по обичај испумпува пари преку државните институции, пари кои се на граѓаните, изјави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој вели дека молкот и не негирањето дека се дадени 40.000 евра за рецепта за пица, укажува оти парите на граѓаните завршиле залудно, или во нечиј џеб.

„Замислете, втор проект, цела тиквешија прави домашни слатки со маџун, познат како гроздов мед инаку во јавноста, додека пак Фондот за иновации за рецепта и производство на слатки со гроздов сируп дава 2.5 милиони денари на одредена фирма која аплицирала исто со рецепта за храна. Иновативно нема што. 40.000 евра за рецепта за пица, уште 40.000 евра за рецепта за слатки со гроздов мед. Партиските другари на Заев и понатака земаат проекти во милионски суми во денари од државата за веќе измислени иновации кои што постојат, исто како што дадовме пример за неговиот партиски другар на Зоран Заев, одреден Миле Милановиќ од Струмица. Поранешниот директор на ФЗО и Телеком од СДСМ Заревски, за софтвер земал над 40.000 евра“, рече Арсовски.

Тој додаде дека наместо 40.000 евра за рецепти, можело со истите тие пари да се набават амбулантни или противпожарни возила.

 

Share
Scroll to Top