Во полициската станица Валандово утрово било пријавено дека на регионалниот пат Р 1401 Валандово-Струмица возило „ауди“, со скопски регистерски ознаки, излетало од коловозот, а во него се превезувале 9 мигранти од Сирија.
Еден од мигрантите се здобил со повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Валандово.
Мигрантите се пренесени во прифатниот центар „Винојуг“ – Гевгелија, а СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на возачот на возилото, кој го напуштил местото на настанот.