„Ауф, ќе магистрираме на тема Интерпелација“: Апасиев за собраниската седница

„Ауф, ќе магистрираме на тема Интерпелација“: Апасиев за собраниската седница

пред 1 година

На денешната собраниска седница се дискутира за интерпелациите на членовите на Судски совет.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи се јави со коментар за истата: „Аууууф… Ќе магистрираме на тема “ИНТЕРПЕЛАЦИЈА”, напиша Апасиев.

Инаку со 77 гласа Собранието попладнево изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет, а со 76 гласа „за“ изгласа недоверба на Павлина Црвенковска.

На ред е интерпелацијата на членот на Советот, Селим Адеми. До крајот на денот се очекува Собранието да се произнесе и за интерпелациите и на Тања Чачарова-Илиевска и на Миљазим Мустафа.

Пратениците на опозициската СДСМ, претходно ја напуштија седницата откако пратеникот Оливер Спасовски интерпелациите ги оцени како упад во судството.

Текстот „Ауф, ќе магистрираме на тема Интерпелација“: Апасиев за собраниската седница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top