Ахмети: Да го прифатиме бугарското малцинство во Уставот, ништо лошо нема да ѝ стане на државата

пред 3 години

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денес во Собранието оствари средба со претседателот на Владата на Бугарија, Кирил Петков со кого разговараа за важноста од спроведување на поконструктивен и рационален пристап за решавање на спорот меѓу двете земји, кој е пред се важен за европската перспектива на Северна Македонија.

Ахмети ја поздрави посетата на бугарскиот премиер во земјава како чекор кој означува почеток на ново поглавје на соработка, зголемување на билатералната доверба и продлабочување на добрососедските односи како единствена гаранција за развојот и прогресивната иднина на двете земји.

На средбата, Ахмети му ја истакнал на премиерот Петков важноста за отворање на преговорите на земјата за членство во Европската Унија до Јуни 2022 година, барајќи конструктивност и максимална посветеност за изнаоѓање на прифатливо решение за двете страни.

Бугарскиот премиер Петков зборуваше за позициите на бугарската страна за конечно решавање на билатералниот спор, но и изрази подготвеност за адресирање на сите отворени прашања.

Ахмети ги истакна предностите на Охридскиот Договор во однос на правата на заедниците и ја изрази својата поддршка за вклучување на бугарската заедница во Уставот на нашата земја бидејќи со тоа нашите граѓани не губат ништо.

„Двете земји се наоѓаме во еден многу важен процес, имаме извонредна потреба да ги релаксираме односите. Зборувавме многу отворено за теми кои бараат решенија, но и храброст, бидејќи не треба да бидеме водени од емоции, туку потребно е да бидеме рационални“ – истакна Ахмети на прес-конференцијата по средбата.

Во овој шестмесечен период треба да се отворат преговорите за членство на нашата земја во Европската Унија, бидејќи негирањето на перспективата на итегративниот процес ги зголемува аспирациите и активностите на антиевропските струи во нашиот регион и тоа не треба да се дозволи да се случи.

Ахмети и Петков дадоа јасна порака за потребата од продлабочување на соработката не само на политички, туку и на економски план, што ќе овозможи поголема развојна перспектива на двете земји преку подиректна бизнис комуникација потенцирајќи ја тука важноста од брзата изградба на Коридорот 8 кој ќе ги поврзува трите главни градови: Софија, Скопје и Тирана.

Средбата ја завршија со изразување на заеднички оптимизам за унапредување на дијалогот и надминување на разликите меѓу двете земји, што ќе го има како сигурен епилог интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.

Share
Scroll to Top