Ахмети прогласи победа на ДУИ во Пласница

пред 3 години

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на Али Јахоски на предвремените локални избори во Пласница.

„Честитки за победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Али Јахоски, на предвремените локални избори во оваа општина. Оваа победа е потврда за волјата на граѓаните за поддршка на нашите праведни политики за сите граѓани“, напиша Ахмети на „Фејсбук“.

Според пресекот на Државната изборна комисија во 18:30 часот, од вкупно 9.541 гласач, своето право го оствариле 1.959 жители. Тоа значи дека на гласање излегле 39.54 отсто од вкупниот број гласачи.

Во градочалничката трка учествуваа двајца кандидати, Алија Јахоски од Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Рамазан Шерифовски од Движењето за национално единство на Турците. Во Пласница имаше 10 избирачки места, каде сега се пребројуваат гласовите.

Share
Scroll to Top