Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети синоќа се сретна со поранешниот премиер Владо Бучковски, задолжен од Владата зa спорот со соседна Бугарија.
Ахмети и Бучковски дискутирале за спроведувањето на Договорот за добрососедство помеѓу Скопје и Софија, актуелните ставови на двете страни и најдобрите начини за надминување на создадениот спор.
„ Ахмети даде потполна поддршка за интензивниот дијалог и изрази доверба дека решението е брзо достижно без ниту една последица врз јазикот и културата кои не се дел од спорот и дијалогот.
Европскиот дух на постигнување на договорот треба да преовладува и за време неговото спроведување, без одолговлекувања и како дел од преговарачката рамка на односите помеѓу соседите, но и во рамките на уставните определби за немање на територијални претензии спрема нашите соседи“ наведуваат од ДУИ.