Без вода повеќе населби во Скопје

пред 3 години

ЈП Водовод и Канализација известува дека на ден 02.03.2022 поради замена на затворач ф-125мм на Коце Металец 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул Коце Металец (од број 1 до број 13 и од број 2 до број 82) и дел од ул. Душан Тасковиќ, вклучително и Ремедика и поликлиника Железара.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со активностите.

– на ден 02.03.2022г поради дефект на приклучна цевка 6/4 “на ул.Владимир Полежиновски 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

– на ден 02.03.2022 поради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф-300 мм на ул.Алберт Станиќ 35 во населба Чаир, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Алберт Станиќ, Војдан Чернодрински, Исмаил Кадаре, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

-поради реконструкција на ПС Водно во периодот од 22 часот на 02.03.2022 година до 07 часот на 03.03.2022 година ќе се врши реконструкција на усисниот дел од пумпената станица и чистење на резервоарот Водно.

Поради овој технички зафат постои можност за прекин на водоснабдувањето во посочениот временски интервал на дел од населеното место Водно и на клиниките за Хематологија и Трансфузиологија.

Share
Scroll to Top