Беким Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Северна Македонија кон Европската Унија

Беким Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Северна Македонија кон Европската Унија

пред 5 часа

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори четвртата седница на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на реформите, модернизацијата на институциите и подготовката на државата за полноправно членство во Европската Унија.

„Европската интеграција е наша стратешка определба и визија за иднината. Реформите што ги спроведуваме не се само дел од пристапниот процес, туку инвестиција во посилни институции, поконкурентна економија и подобар квалитет на живот за нашите граѓани“, истакна Сали.

Тој ја нагласи континуираната поддршка од Европската Унија и оцени дека во услови на нов политички моментум за проширувањето на ЕУ, државата треба да продолжи со конкретни резултати и одржливи реформи.

На состанокот се разговараше за напредокот во спроведувањето на програмите ИПА II и ИПА III, предизвиците во реализацијата на проектите, како и приоритетите за претстојниот период. Посебно внимание беше посветено на програмите во областа на транспортот, животната средина, човечкиот капитал и економскиот развој.

Министерот Сали нагласи дека Владата останува посветена на зајакнување на административните капацитети, подобрување на меѓуинституционалната координација и поефикасно искористување на европските фондови, со цел поддршката од ЕУ да се претвори во конкретни придобивки за граѓаните.

На крајот, тој упати благодарност до Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија во Скопје и земјите-членки за континуираната поддршка и партнерство во европската интеграција на Северна Македонија.

Текстот Беким Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Северна Македонија кон Европската Унија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top