Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја

Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја

пред 3 часа

Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.

„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

Текстот Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top