Бектеши во Белата куќа на средби за енергетска безбедност

пред 2 години

Под водство и тесна соработка со нашиот стратешки партнер САД, посветени сме на плановите за постигнување на енергетска диверзификација и независност во енергетскиот сектор, посочи министерот за економија, Крешник Бектеши.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од ресорното министерство, за време на неговата официјална посета на САД, тој се сретнал со водечки личности во Белата куќа, како и во Стејт департментот.

Притоа, министерот упатил поддршка за геостратешките пристапи за енергетска независност и безбедност во целиот регион.

„САД и Северна Македонија се посветени на зајакнување на партнерството во транзиција и производство на обновливи извори на енергија“, нагласил македонскиот министер за економија.

Share
Scroll to Top