По вчерашните одлуки на Владата, министерот за економија, Крешник Бектеши денес имаше средба со различни претставници од угостителскиот сектор. На состанокот се разговараше за протоколите и новите одлуки на Владата од вчерашната седница, информираа од неговиот кабинет.
По состанокот, Бектеши изјавил дека средбата била конструктивна каде сите се согласиле дека приоритет над приоритетите останува здравјето на граѓаните и дека мора да се почитуваат протоколите што се во сила и дека во наредниот период бројот на заразени случаи со Ковид-19 да се намали за да им се даде простор и на Владата и на Комисијата за заразни болести да не донесуваат нови рестриктивни мерки.
Министерот Бектеши се заблагодарил на целиот угостителски сектор за разбирањето што го изразиле и дека како Министерство за економија ќе ги поддржи со нови мерки доколку за тоа има потреба.