Бесплатна училишна чанта за првачињата од Кисела Вода

пред 2 години

Првачињата од Кисела Вода кои од септември за првпат ќе седнат во училишните клупи, од Општината ќе добијат бесплатна училишна чанта со неопходниот прибор за настава.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Овој проект има за цел да им овозможи финасиско олеснување на семејствата кои имаат првоодделенци. Со проектот се опфатени сите 600 запишани првачиња во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода, велат од Општината.

„Првиот училишен ден значи голема возбуда за сите првачиња и за нивните родители. Сепак, се поскапиот живот во земјава носи големи грижи, посебно кога во семејството има еден или повеќе ученици за кои треба да се обезбеди чанта, училишен прибор, впрочем сето она што на дечињата им е неопходно за да бидат дел од наставниот процес. Токму затоа, Општина Кисела Вода, преку проектот “Ранче за секое прваче”, ќе обезбеди за идните првачиња од сите општински основни училишта бесплатна чанта, тетратки и прибор. Се надевам дека ова олеснување на семејниот буџет ќе им овозможи на родителите и првачињата претстојниот 1 септември да го паметат само по убави нешта. Паралелно, вложувањата во унапредување на наставата ќе продоли со несмален интензитет. Ќе потсетам дека во оваа учебна година го реализиравме проектот “Компјутер за секој наставник”, а обезбедивме и донација од смарт табли, со што сега сите основни училишта се опремени со уреди кои помагаат да се подобрат дигиталните вештини на учениците“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Share
Scroll to Top