Битолчанец загина на работното место, негов колега тешко повреден

пред 3 години

Во СВР Битола, вчера во попладневните часови било пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј.(59) и М.Ш.(45), двајцата од Битола.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од МВР, од здобиените повреди, М.Ј. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Неговиот 45-годишен колега бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Претходно, медиумите пренесоа дека станува збор за работници кои растоварале гранитни и мермерни плочи од кои подоцна се изработуваат надгробни споменици.

Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Share
Scroll to Top