Битолчанец и охриѓанец си ги кршеле автомобилите поради недоразбирање во сообраќајот

пред 5 години

Охридската полиција, вчера напладне во Охрид привела 28-годишник од Битола, со иницијали В.Ѓ, поради тоа што претходно истиот ден, по вербална расправија поради недоразбирање во сообраќајот, физички ги нападнал Љ.З.(38) и Љ.Н.(63), двајцата од Охрид.

Според пријавеното, при нападот тој употребил тврд предмет, притоа оштетувајќи го и возилото кое го управувал Љ.З., а им се заканувал и со остар предмет, по што Љ.З. со тврд предмет го оштетил возилото и на пријавениот.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top