Битолчанец фатен при кражба на 260 литри нафта

пред 2 години

На улицата „Македонска Фаланга” во Битола утрово во 5 часот и 15 минути, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М. (48) од овој град.

Како што информираат од МВР, тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште. Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта.

48-годишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top