Битолчанка фрлила отпушок во својата нива, па настанал пожар кој ја зафатил блиската фабрика

пред 3 години

Битолчанка на возраст од 77-години со иницијали В.А. вчера во попладневните часови во полиција пријавила дека во нејзината нива на улицата „Индустриска“ настанал пожар од отпушок од цигара кој го фрлила, но пожарот не успеала да го изгасне.

Според пријавеното, пожарот се проширил на соседната фабрика, а при обид да го изгасне огнот, со повреди се здобил М.Ѓ. (29), вработен како обезбедување на објектот.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат. Увид извршила екипа од СВР Битола и се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Share
Scroll to Top